Андреа Нисева освои сребрен медал на Европското првенство во борење

Штипјанката Андреа Нисева стана европски вицепрвак откако во финалето на Европското првенство во борење до 17 години во Самоков, Бугарија, загуби 0-2, односно туш, од Озденур Озмез од Турција.
Сепак, ова е голем на успех на Нисева која, за жал, настапува за репрезентацијата на Бугарија. Таа од година во година напредува и покажува дека е голем талент. Задоволството е и кај стручниот тим на БК Олимпија од Штип, матичниот клуб на Нисева.

Европско првенство У-17:
61 кг
Теа Донева – Андреа Нисева (Бугарија) 0-10
Андреа Нисева (Бугарија) – Марија Хрушчова (Белорусија) 4-1
Андреа Нисева (Бугарија) – Ана Церетели (Грузија) 8-3
Полуфинале
Андреа Нисева (Бугарија) – Сурае Мирац Абасој (Финска) 6-4
Финале
Андреа Нисева (Бугарија) – Озденур Озмез (Турција) 0-2



