Поранешниот шампион на УФЦ, Андерсон Силва – Спајдер (Пајак), нема намера да ги закачи ракавиците на клинец. Легендата во средна категорија исклучително е посветен и е оптимист и покрај долгата кариера, а ги демантираше гласините дека наскоро ќе ја заврши спортската кариера.
„Многу сум среќен, бидејќи во мене има многу енергија. Зборував со моето семејство и ме поддржаа во желбата да го остварам до крај мојот договор со организацијата. Мислам дека ќе го продолжам уште 6-7 години. За мене најважно е да имам страст и желба за борба“, изјави 44-годишниот ветеран“.
https://youtu.be/qzhoq0F0WHI
Љубителите на ММА можат да уживаат во борбата на Пајакот оваа сабота спроти недела, ќе се соочи со Дерек Бренсон.