Фокс спортс пушти видео со кои ги исмева боксерските умешности на Мек Грегор (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор сигурно нема да биде задоволен кога ќе го види ова …

Сега, откако целиот свет зборува за мечот меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер во боксерскиот ринг, Ирецот почна да пушта видеа со боксерски спаринзи.

Некои сметаат дека Мек Грегор има некои предности во однос на Мејведер – како големината, која најчесто се нагласува, но повеќе е раширено мислењето дека Ноториус ќе изгледа смешно, застанувајќи против еден од најдобрите боксери во светот.

Сепак, Мек Грегор продолжува да зборува за оваа средба и продолжува да пушта клипови од боксерските спаринзи, како и закани дека ќе го победи Флојд. Очигледно, тоа го испровоцирало спортскиот канал Фокс спортс да го емитува ова забавно видео со „тајните“ техники на Мек Грегор кои го прават толку опасен боксер.

https://www.facebook.com/FOXSportsLive/videos/1593527967344030/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО