Андерсон Силва: Реваншот со Вајдман ќе биде потежок за Рокхолд

Anderson Silva Rokhold

Во подглавниот настан на УФЦ 194, Лук Рокхолд го победи Крис Вајдман во четвртата рунда со технички нокаут и стана новиот шампион во средна категорија.

Но, на УФЦ 199 Вајдман ќе ја добие шансата да си ја врати титулата.

Поранешниот шампион во средната категорија, од кого Вајдман го зеде шампионскиот појас,Андерсон Силва, го коментираше реваншот.

„Мислам дека е фер. Тој беше шампион, имаше силни победи, победи со опасни противници и заслужува почит од сите, особено од останатите во средна категорија. Вреди моментален реванш против Рокхолд.

Средбата беше интересна. Лук нападна сериозно, а Вајдман се најде под притисок на кон не беше навикнат. Не сме го виделе квалитетно да се бори во пет рунди.

Ќе биде тежок, многу тежок меч. Верувам дека Вајдман ќе ги тренира работите кои не ги направи добро во последната средба и ќе се врати поопасен за Рокхолд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО