Андерсон Силва прави спаринг со синовите (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија, Андерсон Силва, беше принуден да се повлече од мешаните боречки вештини (ММА) по три последователни порази, од кои два завршија со технички нокаут.

Сепак, „Pајакот“ продолжи со боречките вештини и жестоко влезе во светот на боксот. Легендарниот борец успеа да го победи Хулио Цезар Чавез минатиот јуни, а потоа го уништи својот колега ветеран на УФЦ Тито Ортиз во септември 2021 година.

Силва има скор 3-1 во бокс и е во серија од 3 последователни победи, од кои 2 со нокаут. И покрај неговата напредна возраст, 46-годишниот Бразилец покажа дека се уште може да спарира со своите синови.

https://www.youtube.com/watch?v=TptSUGX1TY0&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО