Анастасија Крстевска освои борнзен медал во џудо во Холандија борејќи се и со девојчиња и со момчиња (ФОТО)

Младата македонска џудистка која живее во Холандија, Анастасија Крстевска, е третопласирана на Џудо куп турнирот во Ден Хаг.

Анастасија се настапи во категорија до 38 кг и имаше четири борби, две со девојчиња кои совлада без проблем и две момчиња, бидејќи немало доволно женски натпреварувачи. Момчињата биле далеку поискусни, па  и двете борби ги изгубила на поени.

Инаку, Анастасија која има осум години, тренира само еден месец во џудо клуб во Ден Хаг  во Холандија и за тоа време покажува добар талент и високи резултати.

„Ние сме задоволни  за нејзиниот успех за толку краток период на тренирање и се надеваме во иднина со поголемо искуство ќе знее да постигне многу поголеми резултати на врвни турнири“, велат нејзините родители.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО