Анамарија Георгиевска: Одиме по медал за Буенос Аирес! (МОК)

„Одиме по медал за Буенос Аирес“, рече знаменосецот на македонските олимпијци на младинските Олимписки игри во Аргентина, теквондистката Анамарија Георгиевска на денешната прес-конференција во Скопје на Македонскиот олимпикси комитет (МОК) со учесниците на Олимпијадата. Таа истакна дека е добро подготвена и очекува успех.

„Како претседател на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и тренер на Анамарија Георгиевска е претставник на нашиот спорт таеквондо и заради највисокиот постигнат резултат, трета на Светското јуниорско првенство во Тунис, ќе биде достоинствен и горд носител на македонското знаме на ова огромно спортско збиднување. Патуваме утре, и со Господ напред, но и со целиот наш макотрпно вложен труд, одиме достојно да ја претставиме македонската држава. Георгиевска е врвен спортис, таа тоа го докажа на неколку наврати, искрено се надевам не само заради честа да го носи знамето на отварањето на овој огромен настан, туку и резултатски, и овој пат ќе испише историја во македонскиот спорт. Македонското олимписко таеквондо од ден на ден се поцврсто се врежува во најважните страници на македонскиот спорт“, вели селекторот Борче Костовски и додава:

„Добро ги познаваме противниците, бидејќи ова лето тие доаѓаа кај нас, а и ние одевме на кампови за спаринг со врните спортисти. Чест е македонски натпреварувач да го бараат за спаринг. И посакувам да освоиме рекорден број на медали“.

Во екипата на Македонија брои 13 члена, од кои шестмина се спортисти кои ќе настапат во шест спорта. На овие Олмписките игри за млади ќе учествуваат вкупно околу 4.000 спортисти од над 200 земји.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON