Анамарија Георгиевска меѓу здравјето и натпреварот на МОИ, нашиот табор не сакаше да ризикува

Од таборот на македонскаат олимпијка Анамарија Георгиевска изразуваат големо жалење што таа утре нема да ги брани боите на Македонија на таеквондо турнирот на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес – Арегнтина.

Имено, денеска пред официјалното мерење таа имаше 500 грама повеќе од дозволената тежина за категоријата до 55 килограми. Имало ултимативен рок за симнување на тие 500 грама, но тренерот, вооедно и селектор на македонската таеквондо репрезентација,кој по професија е лекар, не сакале да преземат ризик кој може да биде фатален по нејзиното здрваје, бидејќи претходно во овој период има симнато 7,5 килограми.

„Денеска, пред самото мерење, каде што Анамарија требаше официјално да се измери, таа беше 500грама над дозволеното, со тоа што симна 7,5 кг за дваесетина дена од чиста мускулна маса. Стручните лица знаат што значи ова за така млад организам како нејзиниот. Тие 500 грама со максимален и фанатичен напор во последните мигови можеби и ќе се скинеаа, но д-р Борче Костовски, по професија лекар, како нејзин тренер кој во моментов е со неа, не се нафати на таков ризик, затоа што проценил дека едноставно тоа е преголем ризик за нашата светска бронза Анамрија“, објаснува тренерот Дарко Костовски.

Како дошло до оваа ситуација?

Костовски објаснува дека Анамарија Георгиевска дека пред две ипол години е пријавена за овие Олимписките игри за млади, а тогаш имала 54 кг и била пријавена во категоријата -55 кг, со што не можело точно да се предвиди во која категорија ќе биде две години потоа. Се потсетува дека Анамарија Георгиевска во 2018 оствари историски резултат за македонскиот спорт и донесе јуниорски бронзен медал од Светско првенство во Тунис во категоријата до 59 кг.

„Анамарија Георгиевска, природно, кога нема борби, е 62 или 63 кг. Со сите можни обиди и дописи летово да се промени категоријата на овие игри за Анамарија не успеавме во тоа. Со многу консултации и анализи се нафативме на пеколна работа за помалку од еден месец на 17-годишна возраст да симне 8 кг,  за да влезе во категорија. Анамарија природно нема грам сало на неа, таа има градба со чиста мускулна маса. Но и таа самата го прифати тој предизвик. Пеколен период за неа и тренерите. За овој пеколен подвиг не сакавме да кажеме се додека Анамарија не го донесеше медалот во кој бевме убедени, за да не биде изгвор за евентуален неуспех. Но така сакал Господ“, истакнува Костовски!

Од МТФ жалат, бидејќи со Анамарија одеа на медал и тоа со голема сигурност. Оттаму нагласуваат дека во овој момент најтешко и е на Анамрија, затоа што отиде со голема верба во Аргентина да освои медал. Сепак, нагласуваат од репрезентацијата и МТФ дека допрва почнува спортскиот подвиг на оваа млада спортистка, нагласувајќи дека еден ден ќе донесе медал од сениорски Олимписки игри.

Првиот нареден нејзин предизвик, и тоа за еден месец, е на Европско првенство за У-21 во Полска.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО