Спортските федерациите кои се грижат за развој на ракометот, кошарката и на одбојката во Македонија ќе имаат на располагање повеќе од 600.000 евра со новиот вучер-систем, а кои ги добија од државата за 2019 година на денешната прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт.
Станува збор за мерка на Владата преку која во спортот треба да влезат 6 милиони евра распределени на националните федерации и клубови, преку ослободување од данокот на добивка на фирмите заинтересирани за соработка. Тенденцијата е оваа сума да се зголеми на 10 милиони, со напомена дека сето ова е само еден вид ограничување со оглед што до крајот на минатата година важеше закон според кој секој клуб или федерација можеше да најде спонзор кој најмногу 50-отсто од делот кој требаше да го плати на државата како данок на добивка можеше да го пренасочи за развој на спортот.
„Ова е всушност повик до сите компании да помогнат во реализација на средствата од спортските ваучери. Благодарност до премиерот на државата, УЈП, Министерството за финансии, советниците за спорт во владата на РСМ, како и до сите членови на посебната комисија при АМС“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.
Тој додаде дека е планиран и караван на мотивирање на приватните сопственици, да вложуваат средства во спортот. Со внимателно обработени податоци, направена е детална анализа и одредена е висината на вредноста на ваучерот.
Така на пример, РФМ доби ваучер од 15.291.540, КФСМ доби ваучер од 12.511.000, а Одбојкарска федерација 10.426.000 денари.