АМС бара Боксерската федерација да врати 350 илјади евра – класичен нокаут

Агенцијата за млади и спорт (АМС) бара од Боксерската федерација на Македонија (БФМ) да ги врати парите кои и беа доделени како буџетски средства 350.000 евра, бидејќи не се потрошени до крајот на годината.

Според информациите што ги добивме, Агенцијата бара да и бидат вратени 12 милиона денари, а потоа преку прорама да и додели на БФМ 2 милиона.

Во БФМ стравуваат пак да не западнат во изолација како до пред две години, затоа има размислувања да се свика ново Собрание на кое ќе се избере нов претседател и ново раководство.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО