Амра Фејзула со „помош“ на судиите не се замеша во борбата за медал на Светското првенство во џудо!

amra fejzula

Амра Фејзула, во категоријата до 57 килограми, имаше голема шанса да се пласира меѓу осумте најдобри во светот и да се замеша во борбата за медалите, откако на сомнителен начин, со едно јуко, беше поразена од Бразилка Виторија Анраде на Светското првенство за кадети во Сараево, Босна и Херцеговина.

Голема штета! Ќе се најдеше меѓу осумте нјадобри и во борба за медал. Во систем од 32 натпреварувачи на елиманиции, таа во 1/8 финалето, од каде што зпочнува борбите, во првото коло ја совлада репрезентативката на Босна и Херецеговина Селма Хајрун, со што влезе во 16 најдобри. Во борбата со Виторија Андраде, Фејзула беше рамноправна, а на моменти и подобра противничка од Бразилката. Вотекот на борбата Фејзула изработи едно фиксирање, доколку успееше да ја задржи ќе победеше. Имаше и неколку акции од стоечка позиција, на крајот загуби со едно јуко. Но, морам да нагласам, таа имаше две исфрлања, кои требаше да бидат досудени во нејзина корист, а со тоа и да оствари победа“, вели тренерот на репрезентацијата Горан Мицкоски.

Останатите две репрезентативки, Берна Шерифовска и Абреша Реџепи беа поразени во првото коло. Шерифовска загуби од претставничката на Чешка, Вера Земанова, додека Реџепеи беше поразена од Мосадиер Адаис од Франција.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО