Амир Хан ќе заработи 13 милиони долари од мечот со Канело Алварез

Amir han kanleo alvares

Амир Хан (Англија) ќе го има еден од највисоките боксерски хонорари во последните години за средбата со Саул Алварез – Канело (Мексико). Тој ќе добие 13 милиони долари. Во оваа сума не се вклучени личните спонзорски договори.

Мечот е оваа сабота. Ова ќе биде рекордно плата за 29-годишниот талент, кој во последните години неуспешно ги предизвикуваше Флојд Мејведер и Мани Пакијао.

Новинарите проценуваат дека Хан ќе стане вториот најголем високо платен британски боксер по 2010 година. Повеќе пари од него заработил Дејвид Хеј (14,6 милиони долари) за мечот со Владимир Кличко во 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО