Амет Адеми-Амо од БК Лирија оди на Олимпијадата во Рио (ФОТО)

Amo Lirija libreto vo Acao

Амет Адеми – Амо од БК Лирија се вклучи во подготовките на спортистите од Академија Ачео од Сан Луис, Бразил, за Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а од 15 до 22 август ќе ги следи натпреварите во борење на Олимпијадата.

Amo so timot Acao

„Го презентирав знамето на сите од Македонија, Албанија, Косово, Општина Чаир и БК Лирија. Им држев тренинзи на борачите од Академија Ачеои покажавме дека борачите од Македонија, од Скопје, може да помогант. Одам во Рио и исто така и таму ќе ги развиорам знамиањата на БК Лирија, Македонија, Албанија и да докажеме дека може да освоиме норма за Олимписките игри во Токио 2020. Тоа може да се направи само со работа, притоа секој да знае каде му е местото и да не гледаат самоо пари пари… Прво работа, па после ссе ќе си дојде на свое место“, вели за IPON.mk, Амет Адеми – Амо, кој ова патување го сонувал уште како дете и воопшто не се штедел да си го исполни сонот да учествува на Олимпијада, но сега само како гледач, иако во минатото требало да учествува на две светски првенства, но не отишол поради немањето на пари.

Под надзор на Амо тренираат Виктор Хуго, Рафаел Барош, Бататиња и Јарбсон.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО