Американските медиуми јавуваат: Договорот за мечот Мјеведер-Мек Грегор е потпишан!

Бокс мечот на годината и дуел кој, најверојатно, апсолутно ќе ги урне сите рекорди на ППВ продажбата и заработувачката, наводно, била конечно е договорен! Според пишувањето на американските медиуми, кои се повикуваат на добро проверени извори, Флојд Мејведер Јуниор конечно го потпишал договорот за мечот против Конор Мек Грегор. Датум би требало да биде, баш како што се пишуваше овие денови – 26 август, а место на одржување е МГМ Гранд гарден арена во Лас Вегас.

Веста прв ја објави познатиот новинар Џо Бигс кој се повикува на извор директно од куќата на Флојд Мејведер. Кратки на својот Твитер профил напиша:

„Мејведер и Мек Грегор штотуку го потпишаа договорот. Борбата е договорена“.

Друг извор, исто така поврзан со Мејведер ја потврди информацијата.

„Да, тоа е вистина. Слушнав преку свои извори дека е постигнат договор. Сега треба само треба да се подготвиме за циркусот. Lol“.

Колку за потсетување, претседателот на УФЦ,Дана Вајт, веќе со недели се обидува да го забрза и да ги договори за сите детали околу долго очекуваниот дуел. Познато е дека Ирецот својот дел од договорот го договори и потпиша пред десет дена, а оттогаш само се пеглаат сите детали со Мејведер. Во меѓувреме се појавија информации дека Вајт „е отстранет од овој случај“, но информацијата беше брзо демантирана. Кога на тоа ќе додадете дека Мејведер во понеделникот ја резервирал легендарната МГМ Гранд гарден арена на свое име за 26 август, но и дека Мек Грегор во вторникот и јави на фановите „дека се подготват за големи вести“, се чини дека се укажува на тоа дека договор навистина е постигнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО