Аманда Нунеш го одбрани појасот и објави крај на кариерата, Оливеира со прекин го победи Дариуш

Бразликата Аманда Нунеш ја победи Ирена Алдана со едногласна одлука на судиите во главната борба на настанот УФЦ 289 во Ванкувер и го одбрани шампионскиот појас во бантам категорија.

За Аманда тоа беше 23. победа во кариерата (пет порази), а по триумфот најави пензионирање.

Чарлс Оливеира се врати со победа по поразот од Ислам Махачев. Бразилецот со прекин во последната минута од првата рунда го совлада американскиот борец Бенеил Дариуш.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија уште еднаш покажа зошто е еден од највозбудливите борци и како облозите против него се секогаш неизвесни.

Борз уште на почетокот на мечот се најде во опасност, но се извлече и ја презеде контролата.

На 50 секунди до крајот на првата рунда тој со одлична серија удари ја прекина серијата на Дариуш од осум победи.

Домашниот борец Мајк Малот на атрактивен начин ја постигна шестата победа во низа и третата во УФЦ.

Канаѓанецот во втората рунда го победи Адам Фугит со завршница (гушење со гилотина).

Резултати од настанот УФЦ 289:

Аманда Нунеш – Ирене Алдана – едногласна одлука (50–44, 50–44, 50–43)
Чарлс Оливеира – Бенеил Дариуш, ТКО (удари), Р1 (4:10)
Мајк Малот – Адам Фугит – завршница (гушење со гилотина), Р2 (1:06)
Ден Иге – Нејт Ландвер – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Марк-Андре Барио – Ерик Андерс – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)

Воведни борби:
Насурдин Имавов – Крис Кертис – без одлука (случаен судир на глави), Р2 (3:04)
Јасмин Јасудавичиус – Миранда Маверик – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Ајман Захаби – Аори Чиленг – КО (удари), Р1 (1:04)
Кајл Нелсон – Блејк Билдер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Стивен Ерцег – Давид Дворжак – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Дијана Белбица – Марија Оливеира – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО