Алпај Демиров се бори денеска, Елес Асанов утре, Ѓоше Ѓошев во полуфинале на „Емил Жечев“ (ФОТО)

Алпај Демиров (- 60 кг) прв настапува на Меѓународниот меморијален боксерски турнир „Емил Жечев во Софија, Бугарија, кој е во календарот на АИБА и почнува денеска и ќе трае до 7 април. Нашиот кадетски репрезентативец ќе се бори со Кристофер Спанос од Кипар.

Македонските репрезентативци Елес Асанов (-52 кг) утре ќе се бори Тарек Каудухан од Хрватска, а Ѓоше Ѓошев (-54 кг) дитектно се пласира во полуфиналето, а за противник го има Николај Атанасов (Бугарија).

На овој турнир натсапуваат 180 боксери од 18 држави кои доаѓаат од 4 континенти.

„Одлично се подготвени боксерите за настапот на „Емил Жечев“ и ќе може да се спротивстават на секој боксер, без разлика од која велесила доаѓа. Ова посебно го нагласувам за боксерите кои ги подготвував Асанов и Демиров“, изјави вчера селекторот на репрезентацијата Петар Чурлиновски кој е придружуван од тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху.

Чурлиновски истакнува дека меѓу овие тројца боксери ќе се бара патникот за Европското првенство за кадети во Русија кое почнува на 8 октомври. Покрај овој турнир ќе имаат уште две проверки, едната е во мај на Јадран куп во Будва-Црна Гора, а другата е во Врбас-Србија, во август.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON