Алистер Оверем сака уште некоја ММА борба, а се осврна и на потенцијалниот меч против Федор

Холандскиот борец 42-годишниот Алистер Оверем се уште е далеку од пензија, барем тоа може да се заклучи од неговите изјави.

Демолишн мен минатата година доби отказ по десет години во УФЦ, по што потпиша за Глори.

Требаше веднаш да се бори за титулата во тешка категорија против шампионот Рико Верховен, но ја откажа борбата поради повреда.

Но, неодамна пристигна информација дека Оверем договорил кик-бокс меч против Бадр Хари, кој е закажан за 8 октомври.

Тие веќе двапати се бореа меѓу себе, во 2008 година Оверем го нокаутира Хари, а Мароканецот на ист начин возврати една година подоцна.

„Прво ме чека Бадр Хари, а потоа би можел да се борам со Рико Верховен, можеби следната година“, изјави Алистер Оверем, осврнувајќи се на продолжувањето на кариерата во ММА.

„Дефинитивно не се откажав од ММА, сакам барем уште еден или два натпревари. Засега мојот распоред е исполнет“.

Алистер Оверем не ја отфрли можноста да се бори со Федор Емелијаненко.

Пред повеќе од една деценија и двајцата беа меѓу најдобрите, а судирот меѓу нив никогаш не се случи.

Федор сè уште е под договор со Белатор, а Алистер се уште ја завршува својата ММА кариера.

„Не сум нешто посебно заинтересиран за борба против Федор, но таков беше и мечот со Хари. На почетокот не ме интересираше, но потоа ја прифатив борбата. Можеби нешто слично би можело да се случи и за средбата против Федор. Ќе видиме дали луѓето ќе бидат заинтересирани за таа борба“, подвлече Алистер Оверем.

Славниот Холанѓанец ќе го предводи настанот Врестлинг ентертејмнт серии, кој ќе се одржи на 4 јуни во Моторпоинт арената во Нотингем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON