Алистер Оверем го победи Бадр Хари со два нокдауни (ВИДЕО)

Легендата Алистер Оверем се врати со победа во кикбоксoт.

„Рем“ се сретна со уште една легенда, Бадр Хари. Тие го предводеа настанот Глори Колишн 4 што се одржа во Арнем, Холандија.

Нивниот меч беше доста интересен и Хари го победуваше, но се опушти во третата рунди. Во првите двеможе да се каже дека Хари водеше. Првата рунда Алистер беше прилично пасивен и Бадр ја изведе рундата со неговите тешки лоу удари и крошеа.

Во втората рунда Хари повторно беше подобар, додека Оверем не го затресе со солиден аперкат. Хари победи и во таа рунда, но двајца од судиите беа за Оверем.

Во третата рунда Алистер даде се од себе и се доближи до победа со нокаут. Оверем двапати го испрати Хари на земја. Бадр покажа срце и се исправи од тешките нокдауни, но изгледаше прилично уморно. Оверем за малку не успеа да го победи со нокаут. Бадр се спаси влегувајќи во клинч.

На крајот, борбата дојде до одлука во корист на Оверем – (29-26, 28-27, 28-27, 28-27, 28-27). Да не беа тие два нокдауни, тогаш Оверем ќе изгубеше. Алистер со оваа победа влезе во серија од 6 последователни победи во кик бокс.

Тој се врати во рингот по 12 години минати во ММА. Алистер се прогласи за нов шампион во тешка категорија на Глори. Шампионот Рико Верховен влезе во рингот и застана очи в очи со Оверем. Тие ќе се пресметаат некаде во 2023 година.

По борбата, Хари изјави дека размислува да стави крај на кариерата. Со овој пораз тој отиде во серија од 5 порази. Неговата статистика во Глори вклучува 5 порази и 2 неуспешни борби. Мароканската ѕвезда очигледно конечно ќе се пензионира. Хари никогаш не успеа да забележи победа во Глори.

Видео 1

Во одличен меч за првак во полутешка категорија Литванецот Сергеј Маслобоев со поделена одлука го совлада Мароканецот Тарик Хбабез.

Тројца судии боудваа во корист на Сергеј, а двајца беа за Тарик (3х 48-47, 47-48, 46-49).

Тоа беше 12-та победа по ред за Маслобоев, а четврти пораз по ред за Хбабез.

Тијани Безтати го задржа шампионскиот појас во лесна категорија, откако со поделена одлука го совлада Бугаринот Стојан Копривленски (2х 49-46, 2х 48-47, 47-48).

Петпаномрунг Кијатму9 ја одбрани титулата во перо категорија. Професорот со едногласна одлука на судиите, го победи Мексиканецот Абрахам Видалес (4х 50-45, 49-46).

Американката Тифани ван Соест со едногласна одлука на судиите ја победи Сара Мусадак и го задржа шампионскиот појас во категоријата супер бантам (4х 48-47, 49-46).

Во мечот во тешка категорија, Леви Ригтерс со едногласна одлука го победи Кевин Тарик Осар (5х 29-28).

Резултати од настанот Глори Колишн 4:
Алистер Оверем – Бадр Хари – едногласна одлука (29-26, 28-27, 28-27, 28-27, 28-27)
Тифани ван Соест -. Франс Сара Мусадак – едногласна одлука на судиите
Сергеј Маслобоев -. Тарик Кбабез – поделена одлука
Тјани Безтати – Стојан Копривленски – поделена одлука на судиите
Петпаномрунг Кијатму9 – Абрахам Видалес – едногласна одлука на судиите
Леви Ригтерс – Кевин Тарик Осаро – едногласна одлука на судиите

Воведни борби:
Цезар Алмеида – Серкан Озчаглајан – едногласна одлука на судиите
Донеги Абена – Фелипе Микелети – едногласна одлука на судиите
Сергеј Браун – Мајкл Боапија – едногласна одлука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО