Алистер Оверем е во страотна форма пред дебито во Глори

ММА легендата Алистер Оверeм е во одлична форма пред да се врати на кик боксот. 41-годишниот ветеран требаше да се бори со Рико Верховен за титулата на крајот на 2021 година, но се повреди и испадна од мечот. Веројатно Глори ќе им даде уште една шанса оваа година.

„Рем“ не се занимава со кик бокс цели 12 години. Последен пат го нокаутира Питер Аертс во првата рунда од нивната борба во 2010 година. Оверем има скор 10-4 во кик бокс и е во серија од 5 последователни победи, од кои 4 со нокаут. Тој е поранешен шампион во тешка категорија во К-1.

Тој е скор 47-19-1 во ММА, а последен пат загуби со нокаут од Александар Волков, пред една година. Тој пораз доведе до негово ослободување од УФЦ. Алистер беше првиот борец кој во исто време ги освои титулите во ММА и кик бокс.

Еве како изгледа легендарниот борец пред неговото враќање:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON