Ален Рустемовски-најнадежниот македонски боксер на прием во АМС

Ален Рустемовски (19 г.) денес имаше прием кај диеркторот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

„Овој млад битолчанец е надежен, перспективен боксер, кој многу ветува за македонскиот бокс“, напиша на Фејсбук Мојсовски и додаде:

„Заедно со тимот, тренерот Јове Петровски  и Боксерската Федерација на чело со претседателот Примислав Димовски и потпретседателот, господин Фатон Салиху, Ален е на добар пат да освојува високи награди и достојно да ја претставува Македонија“.

Мојсовски констатира дека досегашната работа на Ален е импресивна.

Во Регионалната бокс лига имал само еден пораз во две сезони!

Следни за нижење победи се престижните турнири  Белградски победник,  Балканското и Европското првенство!

Зад Ален стојат низа досегашни победи:

Повеќекратен државен првак на Македонија;

Најдобар македонски боксер на Меѓународниот турнир „Алексо Огненовски“ во Охрид;

Златни медали на меѓународните турнири „Лах Нимани“ во Косово и „Арена куп“ во Македонија. Сребра на „Златен гонг“-Скопје и „Златна нараквица“ во Србија;

Најдобар техничар на Меѓународниот турнир „Независност“ во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО