Ален Рустемовски најдобар техничар на „Независност“ во Приштина

Ален Рустемовски е прогласен за најдобар техничар на Меѓународниот боксерски турнир „Независност“ во Приштина, Косово, што се одржа вчера.

photo by: @Shpend Ahmeti

На турнирот настапија повеќе репрезентации, како Швајцарија, Албанија, Словенија, Косово, Германија и Македонија.

Тренерот Јове Петровски – Оцо е задоволен од настапот на Рустемовски. Ова е само почеток на сезоната, така што може да се очекува уште подобра форма на Ален.

Петровски смета дека Ален има потенцијал за големи резултати, а тоа го покажа во Регионалната бокс лига и на неколку турнири, и со голема работа и упорност може да постигне успех на меѓународната сцена.

Фото: БФК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО