Ален Рустемовски ќе се бори во финалето на 66. Златна ракавица во Чачак, Србија, од 18 до 21 октомври.
На овој силен бок стурнир, поради отказите Рустемовски нема противник во полуфиналето во категоријата до 57 килограми, но во финалето ќе има тежок противник. Во второто полуфинале се пресметаа Евгени Лјашков од Русија и Крузито Ковач од Унгарија.
Противник на Рустемовски е Русинот, кој славеше 3-0 против Ковач.
Многу откажувања на Злтана ракавица. Некои земји не добија визи, на крајот ќе настапат 54 сениори и 12 сениорки. Битката за најдобар тим на турнирот ќе ја водат Русија, Србија и Франција.