АктуелноБоксДомашна сцена
Ален Рустемовски и Арјан Исени ќе ги бранат боите на Македонија на Светското бокс првенство за сениори во Дубаи

Ален Рустемовски и Арјан Исени ќе ги бранат боите на Македонија на Светското бокс првенство за сениори во организација на ИБА.

СП ќе се одржи во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, од 2 до 13 декември.
Рустемовски за Дубаи отпатува од Блеград каде што беше на мини подготовки, а Исени од САД, таму тренира и живее.
И двајцата се во добра форма и се очекуваат добри настапи.



