Ален Бабиќ во луд меч го совлада Полјакот и го освои ВБЦ појасот

Ален Бабиќ со едногласна одлука на судиите во лондонската О2 Арена стигна до својата 11-та професионална победа.

Хрватскиот боксер го победи Полјакот Адам Балски и го освои сребрениот појас на ВБЦ во бридџер категорија.

Бабиќ веднаш тргна агресивно, но веднаш го почувствува ударот на Адам од контра, кој го собори.

Но, Севиџ брзо се опорави, и ја презеде иницијативата, која ја задржа до крајот на деветтата рунда.

Бабиќ во текот на целиот меч се обидуваше да го загрози противникот со одлични комбинации, но Полјакот одлично се бранеше.

Брилијантно го контролираше мечот, а Балски најмногу се бранеше потпрен на јажињата, а од контра се обидуваше да го нападне добро подготвениот Севиџ.

Во финишот на деветтата рунда, по звукот на сирената, Балски го удри Бабиќ кој сериозно го стресе.

Ален некако успеа да ја преживее последната рунда и така стигна до најголемата победа. На крајот, сите тројца судии му дадоа предност на хрватскиот боксер – двапати 97-91 и 95-93.

Тоа беше 11-та победа за Бабиќ во професионалната кариера и прва што ја освои со одлука на судиите, досега во сите победи беа со нокаут.

Така Севиџ стана предизвикувач во борбата за појасот WBC Bridger Champion (до 102 кг), кој моментално е во сопственост на Оскар Ривас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON