Ален Амедовски се раздели со УФЦ

Ален Амедовски повеќе не е УФЦ борец.

34-годишниот борец од Македонија беше ослободен по неговата серија од 4 последователни порази.

Амедовски има 8-4 во ММА и во УФЦ дојде со големи очекувања. Тој се бореше под знамето на Белатор и ги доби своите 8 борби со нокаут. Ален започна во УФЦ со пораз од Кристоф Јотко во 2019 година.

Следеа уште 3 порази со завршница, па така заврши и престојот на Амедовски во УФЦ. Ален минатиот викенд загуби со нокаут од Пајфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО