Денеска на Балканското првенство за сениори-ки во Скопје нашата репрезентативка Александра Најдоска од ЏК Сеишин во категоријата +78 кг се закити со бронзен медал.
Второпласирана е натпреварувачката од Црна Гора, првото место го освои џудистка од Турција.
Стручниот штаб на ЏК Сеишин е задоволен со остварениот пласман и во идниот период се надева на уште поголеми резултати на меѓународно ниво.
Ipon.mk/В.Д.