ЕП во кик бокс: Русија најуспешна со 135 медали, Македонија освои 10 (ФОТО)

Русија е најуспешната репрезентација на Европското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје со 135 освоени медли – 57 златни, 45 сребрени и 33 бронзени.

Втора е Унгарија со 72 одличја (20-22-30), трета е Италија со 60 (18-17-25), па Ирска 38 (14-11-13), Велика Британија 47 (12-11-24).

Македонија со 10 медали е на 27 место – 3 сребрени и 7 бронзени.

Сребрени медли освоија: Азрет Зекири, Стефан Крстев и Марко Тодоров.

Бронзи и припаднаа на: Никола Нацев, Ивица Цветковски, Стојанов Благојче, Ненад Пантиќ, Бобан Јосифов, Витанов Витанче и Викторија Варадинова.

Шампионатот помина во одлична организација на Кик бокс федерацијата на Макеоднија, а од постигнатиот успех треба да бидеме задоволни, а може да жалиме што не беше крунисан со златен медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО