Александр Усик изрази желба да се бори со Вајлдер, а го прозва Фјури дека ги изневерил навивачите

Боксерот од Украина, Александр Усик, по неодамнешниот триумф во реваншот против Ентони Џошуа, во кој ги одбрани шампионските титули во ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, јасно изјави дека не сака повторно да се бори оваа година.

Тоа секако не му се допадна на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, кој наеднаш се врати од пензија и побара меч за апсолутниот светски шампион.

Бидејќи Усик повеќе не сака да боксира оваа година, Фјури му се обрати на Џошуа и му понуди меч.

Ентони ја прифати понудата, а сега Кралот на Ромите чека одговор.

Тој договор вклучува и клаузула за реванш, па Усик на прашањето кој би можел да му биде следен противник одговори:

„Дионтеј Вајлдер. Тој е опасен борец, а тој меч најверојатно би можел да се одржи во САД“.

По поразот од Фјури, Бронзениот бомбардер се враќа во рингот на 15 октомври против Роберт Хелениус, а доколку победи, тогаш многу лесно може да се договори борба против Усик на почетокот на следната година.

Украинецот тврди дека за ваквиот можен исход е виновен Фјури.

„Среќен сум. Сега сум дома по новата победа над Џошуа. Сè остана исто“, рече Александр Усик и додаде:

„И навистина не ми е грижа дали Фјури ќе се бори против Џошуа или некој друг. Поголемиот проблем е што Фјури не им дозволува на навивачите да ја видат една од најдобрите борби во историјата на боксот. Тој е крив, не јас. Но, тоа не ми пречи. Тајсон Фјури може да се бори со кој сака, но таквиот спортски дух не е исправен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON