Македонските боксери поразени на „Златна војводинска ракавица“

Македонските боксери на силниот Меѓународен турнир „Златна војводинска ракавица“ во Суботица, Србија, од 13 до 18 септември во овој момент не можеа да покажат ништо повеќе во силаната конкуренција, забележаа три порази.

Ален Рустемовски (57 кг) загуби со судиска одлука 5-0 од Иван Завадски од Украина. Ружди Рустемовски (60 кг) беше поразен со прекин во втората рунда од Бахијар Анарбајев од Казахстан, додека Филип Иваноски (67 кг) во четвртфиналето загуби од првакот на Азија, Казакстанецот Сман Ајабај со прекин во првата рунда и го освои петтото место.

На 40.„Златна војводинска ракавица“ настапуваат 226 млади боксери од 24 држави во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО