Александар Волкановски го направи првиот спаринг пред УФЦ 298

Шампионот во лесна категорија Александар Волкановски (26-3 ММА, 13-2 УФЦ) ќе ја брани титулата против непоразениот Илија Топурија (14-0 ММА, 6-0 УФЦ) на 17 февруари во Хонда центарот во Анахајм, Калифорнија.

„Само што го направив првиот спаринг“, изјави Волкановски на својот канал на Јутјуб. „Значи, очигледно морав да ги следам сите протоколи по потрес на мозокот и сега да се вратам на тренинзите. Значи, ги следев сите протоколи до максимум, немам симптоми, продолжив да се подготвувам, продолжив да се движам. Се чувствував многу добро. Сè уште сум на опоравување, но немам симптоми“.

Волкановски ќе бара шеста последователна одбрана на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО