Александар Волкановски е убеден дека Адесања ќе го „повреди“ Стрикленд: Ќе плати за се што кажал

Викендов се одржува УФЦ 293, а нам не ни преостанува ништо друго освен да го чекаме самиот настан.

Шон Стрикленд нема да има лесна задача оваа сабота на настанот УФЦ 293 во Австралија. Покрај тоа што оди на гостински терен, пред себе има и шампион во средна категорија, против кој многумина не му даваат премногу шанси. Во секој случај, Стрикленд доаѓа таму за да ја извојува победа, а дали ќе успее, ќе дознаеме многу брзо.

Сепак, не е тајна дека речиси никој не предвидува победа на Стрикленд над шампионот Адесања и промена на тронот во средна категорија. И Александар Волкановски смета дека Стрикленд го очекува многу тешка ноќ, кој е сигурен во победата на својот соборец и новата одбрана на појасот.

„Мислам дека ова е многу добра борба за него. Очигледно, Шон ќе зборува, ќе се обиде да му влезе под кожа. Токму тоа ќе ја направи оваа борба интересна. Но, исто така, имам чувство дека Изи навистина, навистина ќе му подари на Стрикленд тешка ноќ. Особено што овој ќе зборува многу. Мислам дека Шон Стрикленд ќе плати за се што ќе каже пред борбата. Стилски, мислам дека Адесања ќе го повреди“, изјави Волкановски на својот Јутјуб канал.

Што се однесува до обложувалниците, тие исто така не му веруваат на Стрикленд и го ставија шампионот Адесања за огромен фаворит. Израел неодамна изјави дека сака да ја оствари првата победа со завршница во кариерата против Стрикленд и дека овој меч го гледа како совршена можност да го постигне тоа.

Викендов се одржува УФЦ 293, а нам не ни преостанува ништо друго освен да го чекаме самиот настан. Да, и прес-конференцијата е нешто што не треба да се пропушти, а Стрикленд сигурно ќе има многу инспирација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО