Александар Волкановски е следниот предизвикувач во борбата за титулата во лесна категорија

Пресметката меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев на настанот УФЦ 280, што ќе се одржи викендов во Абу Даби, е еден од најочекуваните натпревари во годината.

Поранешниот шампион Оливеира на кој му беше одземена титулата од промоцијата во мај во пресрет на последната борба против Џастин Гејџи, ќе се обиде да го врати појасот во борбата против одличниот Дагестанец.

Нивниот меч е одамна најавен, уште малку масло на огнот додаде шефот на УФЦ, Дана Вајт, кога најави дека замена ќе биде шампионот во перолесно категорија Александар Волкановски.

Првиот човек на најголемата светска ММА организација потврди дека Волкановски ќе биде следниот предизвикувач во борбата за титулата во лесна категорија.

„Тоа секако има смисла“, изјави Дана Вајт.

Австралиецот со македонско потекло во јули го победи Макс Холовеј по трет пат и уште еднаш го одбрани шампионскиот појас во перолесна категорија.

Тоа беше четврта одбрана на титулата за Волкановски (25-1) и 22. победа во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО