Александар Волкановски: Диего Лопез не заслужува реванш за титулата

Шампионот на UFC во перо категорија, Александар Волкановски, не очекуваше повторно да се бори со Диего Лопез.
Волкановски (27-4 ММА, 14-3 УФЦ) ќе се соочи со Лопез (27-7 ММА, 6-2 УФЦ) во главната борба на УФЦ 325 на 31 јануари во арената „Кудос Бенк“ во Сиднеј (Парамуант+). Волкановски во април го победи Лопез со едногласна одлука на УФЦ 314 за да ја освои испразнетата титула од која се откажа Илија Топурија за да се пресели во лесна категорија.
Волкановски првично се обидуваше да ја одбрани титула за прв пат во второто владеење против непоразените претенденти Лерон Марфи или Мовсар Евлоев. Но, Лопез во спетмеври се врати во борбата за титулата по нокаутот над Жан Силва. Тој настап очигледно му донесе реванш, но самиот Волкановски призна дека Диего не го заслужува тоа.
„Очигледно сакав да се борам малку порано. Мислев дека ќе биде во декември. Мислевме дека ќе биде во декември Лерон Марфи, но претпоставувам дека УФЦ ги чекаше Жан Силва и Лопез. Потоа рекоа дека ќе биде Лопез, а ние си рековме: „Се боревме со овој човек. Дали има повеќе луѓе што заслужуваат или не“? Сите знаат дека ќе се борам со кој било“, рече Волкановски на својот Јутјуб канал.
Волкановски се обиде да ја оправда одлуката на УФЦ да му даде реванш на Лопез, иако тоа не беше негов избор.
„УФЦ навистина го сака Лопез, но барем сите знаат дека имаат нешто интересно што доаѓа. Ќе биде многу возбудлива борба. Мовсар и Лерон се повеќе заслужни, но дали ќе се борат како Лопез? Мислам дека навивачите ќе ја ценат борбата што ќе ја имаме јас и Лопез“, додаде Волкановски.
View this post on Instagram



