Александар-Велики Волкановски го одбрани појасот на УФЦ и оди на рекорд (ВИДЕО)

Австралиецот со македонски потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата шампион во перо категорија во УФЦ, совладувајќи го утрово предизвикувачот, Брајан Ортега од САД. Во исполнетата „Т-мобиле арена“ во Лас Вегас, се очекуваше, можеби, детронизирање на Волкановски, кој не е многу популарен меѓу Американците, но тој ги замолчи сите совладувајќи го Ортега со едногласна судиска одлука (49-46, 50-45, 50-44), по пет возбудливи рунди.

Волкановски беше подобриот борец уште од стартот, наметна темпо и блага иницијатива, задавајќи удари главно во главата и во нозете на Ортега. Американецот тешко се справуваше со притисокот и со агресивниот пристап, па не најде начин како да се закани во првите две рунди, освен неколку изолирани удари.

Она што долго ќе се зборува е третата рунда, во која Ортега двапати се обиде да го заврши Волкановски со зафат. Прво проба со гилотина, потоа тријаголник со нозе и во двата случаја го имаше цврсто во преграб, но Волкановски се извлече и се истури со удари врз истрошениот противник. Откако се огласи сирената за крај на третата рунда, Ортега уште неколку секунди лежеше, без енергија да се крене, дури мораше во октагонот да влезе и доктор за да процени дали е способен да продолжи.

https://twitter.com/UFCEurope/status/1441989507541209091?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1441989507541209091%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fnashiot-volkanovski-go-odbrani-pojasot-i-prodolzhi-da-vladee-vo-ufc-video

И четвртата рунда помина во знакот на Волкановски, а петтата беше единствената во која тој забави и прими значајни удари. Ова е втора одбрана на појасот во перо категорија за Волкановски и 20. победа едноподруго во неговата ММА-кариера, во која има вкупен биланс 23-1. Ортега го претрпе вториот пораз во 17 борби.

Волкановски е роден во Варила, Австралија, од мајка Гркинка и татко Македонец, но во сите свои борби настапува со австралиското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО