Украинскиот тешкаш не верува дека мечот за апсолутен шампион ќе се случи до крајот на оваа календарска година.
Како што е веќе познато, на крајот на септември Aлександaр Усик и Тајсон Фјури, малку неочекувано, се договорија за историски меч за обединување на сите титули во тешка категорија. „Ромскиот крал“ најпрвин на распоред има боксерски меч со Френсис Нгану (28 октомври), а потоа фокусот треба да се насочи кон монументална пресметка со непоразениот Украинец. Во првите извештаи, можниот датум на мечот за апсолутниот шампион во „тешка категорија“ беше 23 декември, односно јануари, а како локација се споменуваше Саудиски Ријад. Самиот Усик сега зборува за преговорите, потенцијалните датуми и локацијата.
„Преговорите во Саудиска Арабија траат подолго време. По борбата со Дубоа имавме состанок со претставниците на компанијата што ја организира борбата Фјури-Нгану и договоривме соработка. Фјури има потпишан договор со нив. Натпреварот е од интерес за сите инволвирани страни“, изјави украинскиот тешкаш на својот канал на Јутјуб, а потоа продолжи: „Би сакал да го знам точниот ден и место. Оваа информација би ми овозможила да го планирам тренинг кампот и да го изберам неговото место. Сето ова би ми помогнало да почнам да се подготвувам.Разбирам дека промоцијата на мечот е важна и неопходна – тоа е составен дел „шоуто“. Но, кога ги знам денот и местото, го ставам шлемот, го затворам визирот и одам“.
Украинскиот шампион се осврна и на моменталната физичка состојба, а откри и кога би сакал да се бори со Фјури и дали има реални шанси да му се остварат желбите.
„Не можам да кажам дека се е во ред, но добро сум. Треба да се санираат некои рани, стари повреди. Се е под контрола. Тренирам секој ден, но ми требаат 14 недели за кампот. Би имал доволно време Во првите недели ја работам мојата работа што ми помага да се подготвам за тренинг кампот, а потоа напорно работам во следните 12 недели“, рече Усик, а потоа, во контекст на потенцијалниот датум, заклучи: „Јас би сакал да биде во декември, но нема сигурност дека ќе биде така“.