Александар Усик е нерешлива енигма за Џошуа! Украинецот успешно ги одбрани титулите светски шампион

Непоразениот украински тешкаш остана непоразен и во својот 20. професионален настап.

Ентони Џошуа се надеваше дека ќе му се реваншира за поразот на Александр Усик во септември минатата година. Британскиот тешкаш го смени тимот, изгледаше добро, подобро од првиот меч, но Александр Усик е нерешлива енигма за Ентони Џошуа. Украинецот повторно победи на поени, но овојпат со поделена одлука (115-113, 116-112, 113-115).

Усик ги одбрани светските титули во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ИБО и ВБО. Во колекцијата тој го додаде и појасот „Ринг“, кој остана празен по пензионирањето на Тајсон Фјури. Малку е нејасно како еден судија го бодираше мечот во корист на Џошуа.

Имаше многу луѓе кои сметаа дека Џошуа згреши што се впушти во инстант реванш откако Усик го декласираше во првиот меч. Британецот не се грижеше за ваквите коментари и сакаше да докаже дека е вистински борец кој верува во себе. Мора да се признае дека Џошуа изгледаше добро, многу подобро отколку на првиот меч и направи некои промени.

Еј Џеј се движеше подобро отколку во првата борба, Усик не влезе така лесно од левата страна и особено во првата половина Џошуа беше рамноправен противник на украинскиот тешкаш. Со влегувањето на натпреварот во втората половина, Усик почна да доминира со своите неуморни движења и се почестите удари. Џошуа имаше најголем успех со ударите во телото, но Усик сепак беше нешто подобар.

Токму кога се чинеше дека Џошуа дефинитивно успорува, дојде деветата рунда каде Еј Џеј му зададе низа проблеми на Усик. Во ниту една рунда за време на овој натпревар Џошуа не беше толку агресивен како во деветата, а Усик помина голем дел од тоа истегнување движејќи се наназад, затворен во блок.

Како сето ова само уште повеќе да го налути Усик, кој како териер влезе во вистинската рунда и се обиде да му наплати на Џошуа со камата за се од деветата рунда. Усик доминираше и во последните две рунди и борбата повторно дојде крај на судиската карта. Додека сите го чекаа прогласувањето на Усик за победник и уште една победа со едногласна одлука, следеше изненадување. Првиот резултат отиде во корист на Џошуа и имаше загриженост дека Усик може незаслужено да остане без победа.

За среќа на 35-годишниот Украинец, другите двајца судии сепак го бодуваа точно овој меч и Усик ја доби 20-та победа во 20-от професионален настап. Усик најави дека оваа победа ќе им ја посвети на своите граѓани кои се борат против руската инвазија и нема сомнеж дека ваквиот настап ќе предизвика насмевка на нивните лица и ќе ги израдува во овие тешки моменти за нив.

Што се однесува до Ентони Џошуа, тој нема за што да се жали. Усик е едноставно подобриот боксер, а 32-годишниот Џошуа сигурно има уште многу да понуди. Еден судија се обиде да му донесе победа овде, а покрај тоа, Џошуа ја доби привилегијата да зборува прв на микрофон и покрај поразот. Сепак, Џошуа му оддаде почит на противникот и тоа беше добар говор.

Усик се надева на пресметка со Тајсон Фјури и изјави дека не верува оти „Џипси Кинг“ се пензионирал. Тоа останува да се види, а ќе биде возбудливо да се види што е следно за Ентони Џошуа.

Како се одвиваше мечот по рунди можете да прочитате под овој текст.

……..

1.рунда:

Со брзи движења, всушност со неговите карактеристични движења, Усик го отвори мечот, но Џошуа ја окупираше средината на рингот. Сепак, по првата половина од рундата немаше конкретна акција и тоа беше класичен тест на силите. Усик имаше успех неколку пати со директот, а Џошуа ја помина првата рунда читајќи го Усик без премногу акција. Не видовме премногу акција, но Усик беше малку поконкретен и подобар.

  1. рунда:

Движењето на Џошуа изгледа потечно и поубаво од првиот меч, но работата на Усик сепак е нешто посебно. Сепак, се уште чекаме поконкретни активности. Џошуа се обиде да му се закани на Усик со удари по телото, а на ударите успеа да се надоврзе со десен „оверхенд“. Усик не покажа многу во првата половина од втората рунда. Џошуа сепак ја контролираше средината на рингот, но Усик не беше премногу загрижен и ја играше својата игра. Украинецот многу убаво ги избегна предните директи на Џошуа, но Еј Џеј погоди со десната рака и се чини дека во втората рунда беше нешто подобар од Усик.

  1. рунда:

Дури и во третата рунда Џошуа продолжува да ја наоѓа целта со десната рака, насочена кон телото или главата. Британецот работи добро на почетокот од овој меч и Усик не го погодува лесно како во првата пресметка. На минута пред крајот на рундата борците накратко завршија во клинч, а Џошуа се обиде со десницата му се закани на Усик, но го погоди блокот. На 40 секунди до крајот Усик одлично погодува со левицатаи се чини како да го подигна темпото. Украинецот е мајстор за адаптација во текот на борбата, а се чини дека почна да се прилагодува на ваквиот пристап на противникот.

  1. рунда:

Усик почна почесто да го фрла предниот директ, а често тој удар би послужил како мамец за задавање заден директ со левата рака. Џошуа немаше многу успех со предниот директ, но сепак со десната рака успеа добро да го удри шампионот. На околу 50 секунди до крајот Усик ја презеде иницијативата и нанижа неколку комбинации со кои го удри Џошуа. Еј Џеј се обидуваше да ја пронајде целта со десен аперкат, но безуспешно. Усик беше прецизен со левите крошеа. Крајот на рундата заврши со отворена размена, но гонгот брзо спречи нешто поконкретно.

5.рунда:

На стадионот почна да слуша сè погласни овации за Усик, но Џошуа делува смирено, присебно и се држи на овој меч. Во средината на рундата Џошуа задава директ кон телото на Усик, Усик реагира со болна гримаса, но тоа беше удар под појасот и имаше кратка пауза. Усик брзо се опорави и натпреварот продолжи. Како и на првиот меч, Усик изнуди движења надесно каде што ќе бараше агол од кој ќе упати удар со левата рака, но Џошуа се движеше многу подобро странично отколку на првиот меч и добро го затвори тој агол. Да не погрешиме, од самиот почеток гледаме многу близок и изедначен меч, а по пет рунди тешко може со сигурност да се каже кој е подобар, а кој води на судиските карти.

6.рунда:

Џошуа го притисна шампионот рано во шестата рунда и бараше цел со удари во телото, но Усик добро се бранеше и набрзо го зазеде центарот на рингот. Аголот на Џошуа побара од неговиот боксер да задава почести предни директи и Џошуа го исполни тоа. Усик не беше особено конкретен во првата половина од шестата рунда, а Џошуа овојпат му зададе многу повеќе проблеми. Британскиот тешкаш навистина убаво се подготвил за реваншот. На крајот од рундата Усик убаво го искомбинира предниот директ со десно кроше, а впечатокот е дека Џошуа малку забави на крајот од рундата.

7.рунда:

Не може да се спори дека движењата на Усик изгледаат поубави и потечни, но Џошуа додега ниту еднаш не беше сериозно загрозен во текот на борбата. Ниту еден борец целосно не ги „пуштил сопирачките“ и се обидел да го затресе противникот. Тоа е технички префинет и одмерен пристап на двајцата боксери. Не видовме „класична војна“ во првите седум рунди, но ова е бокс на многу високо ниво. Сепак, на Џошуа му беше сè потешко да ја најде целта и Усик повторно почна да делува како нерешлива енигма.

8.рунда:

Усик веројатно имаше одредена предност во овој момент. Како што беше кажано низ претходните рунди, немаше конкретни оштетувања и акции, но Усик е почест, нешто поконкретен и моментално оди кон нова победа. За чест на Џошуа, тој направи некои корекции од првиот меч, но Усик едноставно ја завршува работата онолку колку што треба. Џошуа се врати на ударите во телото кои му донесоа најголем успех претходно во овој меч, но предниот директ на Усик сè почесто слетуваше на главата на британскиот тешкаш. Една минута пред крајот на рундата Џошуа зададе убав десен аперкат во телото на Усик, а набрзо потоа следеа уште неколку добри удари. Тоа беше добра секвенца за Еј Џеј, но Усик се тргна од патот и продолжи постојано да пласира предни директи, а на секои неколку предни директи, Усик плаисраше удар со левицата. Рундата заврши со насмевка на Ентони Џошуа, но впечаток е дека тој сепак губи на овој меч.

9.рунда:

Разновидноста на потезите на Усик едноставно не му дозволуваат на Џошуа да го наметне своето темпо и да воспостави некаква доминација. Ударите во телото се всушност најсветлата точка на нападот на Џошуа. Во второто половина од оваа рунда Џошуа покажа можеби најагресивност во досегашниот тек на мечот и изврши голем притисок врз Усик, кој постојано се движеше наназад, затворен во блок. Тоа беше многу, многу добра секвенца од Британецот, но Усик покажа дека е мајстор под притисок и направи минимална штета. Сепак, ова беше најдоброто рунда за Џошуа на овој меч.

10.рунда:

Украинецот ја отвори десеттата рунда со засилено темпо и одлично го погоди Џошуа во глава со преден директ. Усик брилијантно ги избегна ударите на Џошуа, а контрата со десното кроше беше прекрасна. Украинецот како да се налути на се што се случуваше во деветата рунда и сега тој беше тој што гореше и гореше. Џошуа немаше решение, а Усик погоди на сите можни начини. Во средината на рундата Џошуа контрира со директ од никаде и се чини дека малку го стресе Усик, кој накратко го успори темпото. Сепак, Усик брзо се врати на својот стандарден „modus operandi“ и продолжи да доминира во оваа рунда. Џошуа изгледаше како да забави по многу добрата девета рунда и беше подвижна мета на шампионот во добар дел од рундата. Усик експлозивно ја заврши рундата со серија удари кои го погодија Џошуа. Колку и и да беше Џошуа доминантен во минатата рунда, Усик беше доминантен во оваа рунда, ако не и повеќе.

11.рунда:

Усик со кратко десно кроше погоди директно во брадата на Џошуа, но Британецот продолжи да оди напред и да се обиде да го натера Украинецот во отворена размена. Усик сепак одлично се движеше, а впечаток е дека Украинецот со такво темпо може да боксира многу повеќе од 12 рунди. Истото не може да се каже и за Џошуа, кој видно забави во однос на некои претходни рунди, но сепак беше таму, не се предаваше и се обидуваше да му се закани на шампионот. Се повеќе доаѓаше до израз брзината на Александр Усик, како и зачестеноста на ударите со кои го удира предизвикувачот.

12.рунда:

Само прекинот со сигурно можеше да му донесе победа на Џошуа овде и тој мораше да оди на се или ништо. Не е лесно да се оди на прекин по 11 исцрпувачки рунди, а тоа се покажа и на Џошуа. Усик продолжи да доминира, но во средината на рундата успеа да го погоди Џошуа со десно кроше. Потезите на Усик очигледно го фрустрираа, а колку и да се претстави добро Џошуа, се чини дека сепак не може да најде решение за оваа загатка. Усик водеше, но сепак ја иницираше акцијата и беше на пат до 20-та победа во исто толку професионални настапи. Усик можеше да ја заврши оваа рунда побезбедно, но Украинецот рече дека дошол тука да се бори за сите Украинци и оние кои се на линијата на фронтот и ја бранат Украина од руската инвазија. Нема сомнеж дека ги направи горди, а останува да се чека прогласувањето на победникот. Вистинското изненадување треба да се случи кога судијата ќе ја крене раката на Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО