Александар Рисимиќ: Ова е голема победа во Штип и сугрно одиме на титулата!

 

Претседателот на БК Лозница, Александар Рисимиќ, вели дека имале убав дочек во Штип и дека всушност станува збор за братски клубови и големо пријателство. Пинк Пантер е поразен од Лозница со 6-10 во Регионалната бокс лига, а со оваа победа гостите се зацврстија на првата позиција со Радник кој, пак, загуби од Сесвете исто така со 6-10.

„Дојдовме да победиме со некомплетна екипа. Одиме на титулата! Прво му гостувавме на Радник во Бјелина, а потоа ги дочекуваме Сесвете. Ова е голема победа во Штип. Сигурно одиме на првото место“, нагласува Рисимиќ кој нагласи дека во екипата недостасуваа Александар Стошиќ, Јанаковиќ, Пантлеев, Тони Филипи, Бепо Филипи и многу други.

Забележливо е дека екипата на Лозница се засилена со боксери од Бугарија.

„Го имаме европскиот првак Стефан Иванов (56 кг), Елијан Димтров кој е трет во Европа и најдобриот  тешкаш на Бугарија Радослав Пантелев“, истакнува Рисимиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО