Александар Ракиќ му порача на Мек Грегор дека може да победи некого само уште во кечерите

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, се подготвува за враќање во октагонот, што го потврдуваат и неговите објави на социјалните мрежи, каде прикачува по некоја фотографија или видео од тренингот.

Славниот Ирец се уште не ги објавил плановите за продолжување на кариерата, но одвреме-навреме ја скокотка фантазијата на своите обожаватели.

Големиот борец и забавувач ја заинтригира јавноста со една од последните објави на Твитер, бидејќи допре до професионалното борење.

„Зошто не сум на WrestleMania? Сите се плашат од мене, затоа“, напиша Конор Мек Грегор, скокоткајќи ја својата имагинација.

Многумина реагираа на објавата на Конор, меѓу кои и српскиот УФЦ борец Александар Ракиќ.

„Паметно е сега да планирате што ќе правите по вистинска кариера во боречките вештини. Така можеш да извлечеш уште неколку победи“, напиша Александар Ракиќ кој на 14 мај во Лас Вегас се бори против поранешниот шампион во полутешка категорија Јан Блахович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО