Александар Поветкин: Сакам уште една пресметка со Кличко!

alexander-povetkin-close

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Александар Поветкин, изјави дека сака реванш против Владимир Кличко.

„Гледав неколку средби на Кличко и се сеќавам на него. Тој добро си ја врши работата. Тој треба да се заинтересира за реванш со мене, а тоа може да се случи со правилен пристап, за да се добие и убав дуел. Последниот пат кога се борев, се обидов да направам многу работи, но Кличко беше поискусен и тактиката му беше правилна. Затоа тој и победи.

 Сакам повторно да се соочам повторно со него и да одговорам на многу прашања. И да докажам дека не треба да правите нешто за некој друг, туку само за себе“, истакна Поветкин.

 Поветкин веќе има закажано меч за 22 мај во Москва, каде што ќе се соочи со Мајк Перес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО