Александар Неделковски освои бронза во кати на Кроација опен (ФОТО)

Александар Неделковски го освои бронзениот медал во кати во јуниорска конкуренција на силниот Меѓународен карате турнир Кроација опен 2018 во Риека.

Каратистот на Металург совлада четири противници, а во борбата за влез во финалето загуби од натурализираниот Швајцарец Јуки Уихара кој е од Јапонија. За бронзениот медал победи натпреварувач од Србија. Неделковски му го донесе вториот медал на Металург на овој турнир по бронзата на Драгана Манговска.

Неделковски настапи и во сениорска конкуренција каде што забележа две победи и пораз.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО