Александар Неделковски го освои бронзениот медал во кати во јуниорска конкуренција на силниот Меѓународен карате турнир Кроација опен 2018 во Риека.
Каратистот на Металург совлада четири противници, а во борбата за влез во финалето загуби од натурализираниот Швајцарец Јуки Уихара кој е од Јапонија. За бронзениот медал победи натпреварувач од Србија. Неделковски му го донесе вториот медал на Металург на овој турнир по бронзата на Драгана Манговска.
Неделковски настапи и во сениорска конкуренција каде што забележа две победи и пораз.
Ipon.mk