Александар Македонски Волкановски: Ќе останам шампион долго време!

Александар Волкановски е шампион во УФЦ за прв пат во кариерата, откако го совлада Американецот Макс Холовеј со едногласна одлука во ко-главниот настан на УФЦ 245 во Лас Вегас.

„Австралија, се враќам дома!“, рече човекот наречен „Велики“, односно Александар Велики, по завршувањето на мечот.

https://twitter.com/btsportufc/status/1206092033510854656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2F7news.com.au%2Fsport%2Fufc%2Faussie-volkanovski-wins-ufc-title-with-perfect-game-plan-c-606834%3Ffbclid%3DIwAR15lvPOxthTG30bl7YQPSoi9aVrjnJiORmJa8IDvsLgDvSRFlpdBIidLHo

„Имавме големи шампиони во оваа категорија. Ветувам дека ќе бидам голем шампион.

„Ќе останам шампион долго време!“

31-годишникот од Вираннг од Нов Јужен Велс, кој е првиот борец со австралиско и македонско потекло, кој освои титула во УФЦ, задаваше повеќе удари во секоја рунда и беше особено успешен со удари со нозете на Холовеј.

Волканковски влезе во средбатар со победничка серија од 17 борби; неговиот последен пораз е во мај 2013 година.

https://twitter.com/ufc/status/1206093792476041217?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fthewest.com.au%2Fsport%2Fufc%2Fufc245-alex-volkanovski-defeats-max-holloway-to-become-new-ufc-champion-ng-b881411987z%3Ffbclid%3DIwAR1tLndLUsPN_kTQeiGRg6BCN1n6j_AltaDOR_nS6Fc7rW2Ungn2Kq2PLFo

Тој станува четвртиот неоспорен шампион во УФЦ во борби во перо категорија по Жозе Алдо, Конор Мек Грегор и Холовеј. Победи двајца од тие шампиони, Алдо и сега Холовеј.

Крвавиот Холовеј зборуваше по завршувањето на борбата и потврди дека ќе се врати многу поподготвен во реваншот за титулата.

„Јас сум само 28 години“, рече Холовеј.

„Јас само се подобрувам. Ќе се вратам момчиња. На крајот на денот, тоа е она што е“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON