Александар Илиќ договори меч против поранешниот шампион на Белатор Шлеменко

Неодамна Александар Илиќ се бореше за титулата во полутешка категорија на Октагон. Во главната борба на настанот во Прага српскиот борец загуби со гушење од Чехот Карлос Вемола.

Тоа беше петти пораз на Џокер во кариерата. Но, Илиќ не сака да мирува, а веќе договорил нова борба.

Тој ќе настапи на 26 август на настанот на руската промоција РЦЦ. Илиќ ќе се бори против Русинот Александар Шлеменко.

Во текот на кариерата рускиот борец настапуваше за Белатор, каде беше шампион во средна категорија.

На 75 професионални натпревари победи на 61, има 13 порази, а една борба е откажана.

Има три победи во низа, а во последниот меч со едногласна одлука на судиите го совлада Артур Гусеинов.

Титулата шампион во Белатор ја освои во февруари 2013 година, а трипати го бранеше појасот. Илиќ повторно е пред голем предизвик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RCC_MMA (@rcc_mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON