Александар Емилијаненко закажа уште една борба

Пред неколку дена објавивме дека Александар Емелијаненко (27-7) на 9 јули во Екатеринбург на Руското првенство во борби 3 ќе се бори со Виктор Пешта (13-4).

Денеска е објавено дека 36-годишниот Русин договорил уште една борба.

На 18 август, на 50-тото шоу на ВФЦ Ахмат во Москва ќе се бори со Тони Џонсон (11-4).

32-годишниот Американец во кариерата има низа големи победи – во 2015 година на Белататор го порази Александар Волков со поделена одлука, во 2011 година го совлада Дерик Луис, а триумфираше и против поранешниот шампион на УФЦ, Тим Силви, поранешниот шампион на М-1 Кени Гарнер и над поранешниот KOTЦ првак Тони Лопез.

Оваа година не се борел, а во 2017 година прво во првата рунда го нокаутира Багa Агаев, а потоа во декември  загуби со технички нокаут во втората рунда од Витали Минаков.

https://youtu.be/ixG1KV8_xWU

https://youtu.be/Jok4KKL6pbQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON