Александар Емилијаненко се враќа против Мондрагон

Александар Емелијаненко (23-7) договори повратнички меч.

36-годишниот Русин во првата битка по 2014 година ќе се сретне со Бразилецот Геронимо дош Сантос (39-19).

Борбата ќе се одржи во ВФЦ/WFC Ахмат на 27 септември во Москва.

Емелијаненко во полседната борба загуби со технички нокаут од Дмитриј Сосновски во јануари 2014 година. Мондрагон изгуби во последните две борби од Амир Алиакбари и Сергеј Харитонов.

Емелијаненко на Инстаграм се пофали и со својата форма. Во моментов е 109 килограми. Помладиот брат на Федор излезе од затвор во ноември минатата година откако отслужи две години затворска казна од четири и пол години. Тој беше осуден за сексуално малтретирање на 27-годишна куќна помошничка, како и за одземање на пасош и за принуда за употреба на наркотици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО