Александар Емилијаненко ќе се помирува со Федор

ММА борецот во тешка категорија Александар Емелијаненко има намера да се помири со постариот брат Федор, но смета дека иницијативата за ова прашање не треба да доаѓа од него.

„Тоа не е прашање за мене. Ова е за Федор“, рече Александар на прашањето за неговата желба да се помири со својот брат.

Емелијаненко води преговори со Белатор за учество на првиот турнир во Русија на 23 октомври во Москва. Ако не успее, има намера да дојде во ВТБ-Арена за да го поддржи својот брат Федор, кој ќе се бори против Тим Џонсон во главниот меч на овој настан.

„Да, ќе одам да гледам, дури и ако не учествувам. Тоа е задолжително“, рече Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО