Меѓународна сценаММА

Александар Емелијаненко: Бев подобар од Федор! Ме сакаа во УФЦ

Рускиот борец Александар Емелијаненко изјави дека добил понуда за договор од УФЦ, но не можел да ја прифати поради ограничувања за патување. Тој, исто така, зборуваше за својот настап против брат му Федор и причините за откажување од кариерата во странство. Федор и Александар не разговарале еден со друг многу години.

Двајцата често разменувале критики и навреди преку медиумите. Федор многу му помогнал на својот брат, кој не престана да прави пијани шеги. Во еден момент Федор се замори од тоа и престана да се занимава со својот брат. Пред неколку години, „Последниот цар“ рече дека Александар е мртов за него.

Неодамна, Александар реши да проговори за својот брат. Еве што рече тој:

„Да, бев посилен од Федор. Се борев со него на земја, го победив стоејќи. Животот е таков. Не одиме по ист пат. Едниот ќе оди и ќе најде милиони, а другиот ќе добие тула во главата. Секој оди по различен пат. Едно време лукавиот промотор Финкелштајн сфати дека никој не е заинтересиран да гледа двајца идентични браќа.

Затоа, едниот треба да биде позитивен, а другиот – негативен. Ова беше направено намерно, и почнав да ја преземам целата негативност врз себе. Станав лош. На луѓето им се допадна. Не се кријам од никого, јас сум отворена книга за сите. Немам што да кријам. Ми понудија договор со УФЦ, но не ми дозволија да патувам во странство. И условите не беа лоши, но пред тоа бевме претставувани од погрешни луѓе.

Како би се претставил Федор во УФЦ во најдобариот период? Не знам како би настапил во најдобриот период, но неговите последните борби покажаа сè. Три пати по ред беше изнесен од рингот“, рече Александар.

Александар Емелијаненко, 44 години, моментално заздравува од операција на грбот. Тој рече дека нема планови да се пензионира како борец.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON