Алекс Волкановски сака бобра со Куб Свансон или Џереми Стивенс

Македонецот Алекс Волкановски кој живее во Австралија забележа сериозна победа и сега сака да се бори со борци кои се повисоко на ранг листата на УФЦ. Волкановски е во серија од 15 последователни победи, од кои 5 во УФЦ, а во последната борба во јули го порази доминантниот Дарен Елкинс. Сега сака битки со борци кои ќе го повлечат во  борбата за титулата. Волкановски ги посочи Куб Свансон и Џереми Стивенс.

„Ќе биде тешко да дојдам до борба со Куб Свансон или Џереми Стивенс, но тие доаѓаат по порази и не може да бараат определени противници. Би било нереално за мене да се соочам со борци како Куб Свансон и Џереми Стивенс. Замислете какви страотни битки се тоа. Мечтаам за борба со некого од нив двајцата во октомври.

Откако ќе го победам Стивенс или Свансон, сакам да најавам настан во Австралија против Чад Мендез, кој ќе биде страотен.

Алекс Волкановски е во серија од 5 последователни победи во перо категорија на УФЦ, но и покрај тоа тој е на 11-та позиција на ранг листата, што повторно покажува дека е бесмислено и нефер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON