Египетски сумо борач дебитира против Боб Сап

Ризин потпиша договор со уште еден поранешен сумо борач.

На настанот закажан за 30 септември во Саитама супер арена ќе дебитира Абделахман Шалан.

26-годишниот Египјанец многу брзо се проби меѓу елитните сумо борачи, а пролетта мораше да се пензионира на барањето на Сумо федерацијата откако предизвика сообраќајна несреќа без валидна возачка дозвола.

Настапува под боречко име Осуна Араши Кинтаро (Големата пустинска бура).

За дебито се подготвува со поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ Џош Барнет.

Според се уште непотврдени информации, противник во Саитама ќе му биде Боб Сап.

44-годишниот Американец ја направи последната ММА борба ја одработи во јули минатата година, кога во Кина беше нокаутиран од Ари Геле.

Ризин 13 го најавува почетокот на Гран-при во кик-бокс.

Исто така, Вондерлеј Силва изјави дека би сакал да се бори во новогодишната ноќ за Ризин, а тогаш и Мирко Филиповиќ може да го видиме во Јапонија.

https://youtu.be/lMq5SyRI95g

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО