Алекс Переира сака да се врати во средна категорија, бара меч против Дрикус ду Плесис?

Дрикус ду Плесис минатиот викенд го освои појасот на УФЦ во средна категорија. Јужноафриканецот со поделена одлука го победи американскиот борец Шон Стрикленд на настанот на најголемата светска ММА организација во Торонто.

Новиот шампион по мечот го прозва Израел Адесања, но самиот доби неколку интересни понуди. Него го прозваа Хамзат Чимаев и поранешниот шампион во средна категорија Алекс Переира.

Во ноември 2022 година Бразилецот го победи Изи со прекин и ја освои титулата, а потоа пет месеци подоцна во реваншот остана без титулата. На УФЦ 297 Адесања му возврати на Переира и го победи со нокаут во втората рунда.

Алекс Переира го победи Јиржи Прохаска со прекин во втората рунда на настанот УФЦ 295 минатиот ноември и го освои појасот во полутешка категорија.

Поатан во објава на Инстаграм порача дека би можел да се врати во пониската категорија и да се бори за титулата против Ду Плесис.

„Можеби е време за последното родео во средна категорија?“, напиша Алекс Переира, на што Дрикус ду Плесис одговори:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dricus du Plessis (@dricusduplessis)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО